На 22 ноември 1907 година, пред 110 години како последица од тешкото ранување во Виенската болница почина Александар Станоев.
Роден е во Неготино во 1878 г. Се образувал во Неготино, Скопје и Битола. Работи како учител во с. Бегниште. Бил еден од организаторите на револуционерното движење во овој крај Во 1901 г. за време на Тиквешката афера за да не биде уапсен сакал да се самоубие и си пукал во главата, меѓутоа тешко бил ранет и однесен на лекување во Солун. Откако заздравел бил испратен на робија во Подрум Кале. Во 1903 бил амнестиран и пуштен на слобода. Во 1905 г бил избран за раководител на ВМРО во Тиквешкиот округ, а покасно бил избран за член на ЦК на ВМРО и бил најмлад Член на оваа Организација