МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

НА 15 септември 1901 година во Кавадарци доаѓа и 7 дена престојува идеологот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев.

Во Кавадарци престојува како илегалец во куќите на Спиро Даскалов и Лазар Бањански. За тоа време одржал голем број на состаноци со раководството на Организацијата во градот како и со комитетите од селата во Тиквешијата. Потоа Гоце заминува во село Ваташа каде е сместен во куќите на Шарлиови и Поп Антови. Во селското училиште “Даскал Камче“ одржал голем собир на кој присуствувале повеќе од 200 луѓе.