МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Роден е Свети Трифун - христијански светец.

Роден е во малоазиската област Фригија во Мала Азија. Според христијанските верувања, уште од рано детство во него се пројавила необична Божја благодат со покажување на дар на чудотворство. Тој на изненадување на своите современици имал моќ над болните. Посебно душевно заболените по погледот на младиот Трифун биле излекувани.

Меѓу многубројните негови чуда кои што ги вршел, се споменува и исцелувањето на ќерката на римскиот император Гордијан. Но по смртта на царот Гордијан, кој бил трпелив спрема христијаните, дошол крволочниот цар Дециј Трајан кој наредил да се прогонуваат христијаните.

Светиот маченик не сакал да бега во пустината и пошол кај управникот на покраината Акилин. Тој му наредил да им се поклони на боговите, во спротивно ќе биде подложен на најстрашни маки. Свети Трифун ја одбил неговата наредба по кое следувало неговото мачење. Од силниот мраз и студ почнале да му отпаѓаат меса и прсти од нозете, но тој тоа го трпел без збор и наместо протест од усните на овој маченик се слушнала молитвата за гонителите: "Господи не им го пишувај ова за грев".Христијаните од ова место го зеле телото на маченикот и го пренеле во неговото родно место. Еден дел од светите мошти денес се наоѓаат во Москва во храмот посветен на Светиот маченик Трифун. Православната Црква го слави како исцелител, кој се удостоил на маченичкиот венец.

Православната црква неговиот ден го чествува на 1 февруари. Денеска неговиот ден се празнува од страна на лозарите, градинарите на 14 февруари според грегоријанскиот календар.

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)