МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Согласно утврдената динамика за работа, веќе неколку денови по ред се одвиваат градежни работи за изградба на патот од Горни Дисан до Вешје. Проектот ќе се реализира во три фази, при што во рамките на активностите од првата фаза се врши изградба на патот во должина од 800 метри со средства обезбедени преку ИПАРД програмата, додека останатите две делници во должина од 634 и 400 метри ќе се рализираат со финансии обезбедени од ИПА преку Светска банка и ИПА проектот за меѓугранична соработка Во моментов се изведуваат земјени работи за проширување на оваа делница од проектот, по што ќе следуваат и останатите градежни активности за изградба на комплетно нов пат кој Горни Дисан ќе го поврзе со Вешје, пишува порталот неготино.гов.мк.