МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Изложба на јапонски графики од јапонски мајстори на дрворез од 17 век од правецот UKIYOE - УКИЈОЕ или ЛЕБДЕЧКИ СВЕТ Во присуство на градоначалникот на Општина Неготино, Тони Делков, првиот резидентен амбасадор на Јапонија во Р.Македонија- Кеико Ханеда, Рубин Земон, посебен советник во кабинетот на Премиерот за развој на мултикултурен развој, интеркултурализам и интеркултурна комуникација, Јасминка Намичева, архитект, кустос-советник во ЛУ Музеј на град Скопје, претставници од локалната самоуправа, директорката на Градскиот музеј-Драгица Чекорова, како и љубители на уметноста во Неготино беше отворена изложба на јапонски графики. На изложбата беа поставени 28 копии од јапонски графики на јапонски уметници верификувани како исклучителни УКИЈОЕ уметници од Јапонија и надвор од неа. Голем дел од нивните дела се наоѓаат во светски раномирани музеи низ светот а дел се наоѓаат во Националниот музеј во Токио кои што се прогласени за културно наследство на Јапонија од исклучителен интерес.Тие се поставени во Изложбениот салон во Музеј на град Неготино, односно пред неготинската поширока јавност. Настанот оставиа впечаток на гостите од Скопје и Јапонија.