Во дворот на ОУ Музеј на град Неготино, беше отворена изложбата “ГОЛЕМОТО СИНО“ на младиот уметник Валентина Илијевска.
Оваа самостојна изложба на минијатури е продолжение на приказната започната во 2013 година со мини-артури. Изложбата содржи 28 минијатури поставени на постаменти како бедемски страни кои го штитат дводеимнзионалниот досега син квадрат, кој провејува низ целокупното творештво на Валентина. Станува збор за корпус од дела поставени на седум пункта, тематски и стилски поврзани со еден концепт којшто во себе вклучува цртеж, објект и просторна интервенција.
Инаку Валентина Илијевска е родена на 25.07.1987 година во Скопје, живее и твори на релација Куманово-Скопје. 2010 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје, 2014 година се здобива со звање Магистар по конзервација и реставрација. Учествува на многубројни самостојни, меѓународни групни изложби во државата и странство и ликовни колонии од регионален и интернационален каракер во периодот од 2009-2018 година...
Бидејќи изложбата се одржа на денот на роденденот на уметничката, вработените на ОУ Музеј на град Неготино и приредија мало изненадување со торта, која е нели симбол на родендените!!
Драгица Чекоровска