МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ДОСТОИНСТВЕНО ОДБЕЛЕЖАН 8-МИ НОЕМВРИ ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА НЕГОТИНО Вчера Општина Неготино го одбележа и прослави празникот 8-ми Ноември-Денот на ослободувањето на Неготино. Вчерашните активности започнаа со положување на свежо цвеќе од страна на повеќе делегации на спомен бистите на паднатите борци од НОБ. Потоа свежо цвеќе беше положено и на спомен обележјата на оние кои ги загубија животите во воените конфликти на поранешните југословенски простори. Потоа во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев се одржа свечената седница на Советот на општина Неготино на која претседателот Диме Витанов говореше за активностите на советниците во изминатиот едногодишен период. Градоначалникот Тони Делков во своето обраќање говореше за активностите што беа спроведени и се спроведуваат во борбата против пандемијата од Ковид-19, за реализацијата на проектите кои се започнати, се во тек или следува нивно спроведување. делегации на спомен бистите на паднатите борци од НОБ. Потоа свежо цвеќе беше положено и на спомен обележјата на оние кои ги загубија животите во воените конфликти на поранешните југословенски простори. Присутните имаа можност да погледнат и аудио-видео материјал во кој беа презентирани дел од проектите и активностите кои општина Неготино ги има реализирано во изминатиот период.На свечената седница беа доделени традиционалните признанија и награди по повод општинскиот празник. Највисоката општинска награда 8-ми Ноември годинава ја доби д-р Силвана Филипова од областа на медицината, а признанија им беа доделени на Ѓорѓина Димова од областа на образованието,Здружението „Ековита“ за општествена одговорност, Илија Апостоловски од спортот и Димитар Аврамов од областа на хуманитарната дејност.

м.в.

124182442_330383781471288_2270393451220090127_n 124183589_366195874599720_8353567754225766045_n 124191300_722995011930845_5355929079789518595_n 124240404_359490758686535_389954157183532547_n