МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Од Јавното претпријатие „Комуналец“ од Неготино ги информираат граѓаните дека во текот на утрешниот ден (четврток 24 ноември) ќе има прекин во водоснабдувањето во времето од 10,00 до 20,00 часот.

Одговорните појаснуваат дека прекинот ќе биде поради изведување работи за приклучување на новоизградениот водовод во Тимјаник со зафатнина од 500 метри кубни на постоечкиот водоснабдителен систем, а чија вода ќе биде наменета за подобрување на водоснабдувањето на жителите кои живеат во висока зона во Неготино, со што пак ќе дојде до растеретување на водоснабдувањето и во ниската зона во градот. Од ЈП Комуналец апелираат до населението за разбирање, бидејќи сите проекти кои се реализирани и се реализираат се со единствена цел-обезбедување 24 часовно водоснабдување за граѓаните на Неготино, пренесува порталот www.negotino.gov.mk