МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

80 годишнина од загинувањето на Диме Поп Атанасов, денес беше одбележана во селото Горни Дисан, општина Неготино.

Пред неговиот споменик говореа Перо Стефанов и Атанас Најдов, претстедател на Сојузот на борци од општина Неготино. Воедно се положи свежо цвеќе во негова чест од Сојуз на борци – Неготино, Кавадарци, Радовиш, Претставници од локалната самоуправа од општина Неготино; претставници од Советот на општина Неготино; Претставници од општинската организација на СДСМ од Неготино и Претставници од Општинската установа Музеј на град Неготино. Диме Поп Атанасов е роден е во селото Стрмашево, Кавадаречко во 1918 год. Родителите му се преселуваат во Кавадарци каде тој завршува основно образование и граѓанско училиште до IV клас. Немајќи материјални можности за дошколување, првично е шивачки калфа а подоцна и писар во општината. Како писар доаѓа до различна литература која постојано ја чита и се надообразува. Носител е и на прогресивни идеи во градот, а љубовта кон знаењето и образованието го носат во иницијатива за формирање градска библиотека и читална. Ова е форма за бунтовниот македонски патриот да се организира младинскиот отпор кон српскиот хегемонистички апарат. Набргу по ова е веќе непожелен за власта, која ги вклучува сите свои апарти па не само што е исфрлен од општината, повеќепати е и приведуван и затворан во кавадаречкиот затвор. По капитулацијата на кралска Југославија Диме не чека ниту недела и работи на организирање на народот од Тиквешијата за вооружена борба против бугарскиот окупатор. На терен е постојано, меѓу интелектуалната младина во градот но и по селата. Врши собирање на оружје за востание, работи на организирање на народот и подготовки за првиот одред. При една негова таква активност кога е во селото Горни Дисан заедно со неколку свои другари, при агитацијата кон мештаните за отпор кон бугарскиот окупатор, откриени се и смртно е погоден Диме поп Атанасов.

214221967_322472382835211_8793512049424597487_n