Oва недела од културата бележиме два настана
Во среда на 21 декември во 19 часот ке се одржи концерт на Силвана Чулева-на флејта и Емилија Кабранова- на клчавир.Тие4 ке исполнат повеке дела меѓу кои 1.Nino Rota-“5 Pezzi facili” (5 детски пиеси)-прва изведба во Македонија 2.Anze Rozman-“Pripoved Gozdne Nimfe” (Приказна за шумската нимфа-прва изведба во Македонија 3.Aram Khatchaturian-“Waltz “(Masquerade)4.Alfred Casella-“Barcarola et Scherzo” 5.Claude Debussy-“Arabesque” no.16. Трајко Прокопиев-“Дојранка”-свита од балетот “Лабин и Дојрана” 7.Astor Piazzolla-“Tango preparense”-arr.Dmitriy Varelas 8.Wilhelm Popp-“Циганска рапсодија” op.462 no.2Во четврток, на 22 декември 2016, со почеток од 19 часот, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе се одржи промоција на Алманах бр.5 – “Прошетки на зборот“ на Здружението на писатели “Тиквешки цветови“ Кавадарци. А во него поетски творби на 28 поети од Кавадарци, од различни генерации, од познати автори до нови имиња.Како издавач на книгата се јавува Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, а е во продукција на Здружението на писатели “Тиквешки цветови“ Кавадарци.
Ова работна седмица со културни настани ке заврши во петок со отварањето на традиционалната изложба на дела изработени од наши сликари и уметници- на Друштвото на ликовни уметници на Кавадарци.Настанот е закажан за 23 декември во 19 часот и 30 минути во Домот на културата „Иван Мазов Климе“.