МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Делницата која минува низ росоман ке биде проширена по 1,5 метар од двете страни.Се работи за обемен проект со кој е предвидено да се постави нов асфалт и патна сигнализација на магистралниот пат Градско –Прилеп.

Во рамките на ова вложување, ресорното Министрество за транспорт и врски ке ја реконструира делницата од Градско до Дреново. Денеска започнаа работите на патот кој минува низ општината Росоман, соопштува Ѓорѓи Крстевски, портпарол во Локалната самоуправа.-Ќе се асфалтира магистралниот пат од Градско до Росоман.Ќе се ќе се прошири, реконструира и асфалтира делот кој минува низ Росоман, за потоа се продолжи со реконструкција и асфалтирање до селото.Дреново, во Општина Кавадарци, вели тој. Крстевски појаснува дека само во Росоман, патот ке се прошири по 1.5 метар од двете страни или вкупно 3 метри.-Со ова би се зголемила безбедноста на пешаците и учесниците во сообраќајот. Паралелно со овој проект, на овој магистрален пат работи и општина Росоман со изградба на атмосферска канализација и доизградба на тротоари, нагласува Крстевски. Тој потенцира дека општина Росоман заедно со Владата како и минатите години, засилено работат на инфраструктурни проекти со кои би се подобрил животот на населението во општина Росоман.