МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Просторијата ке се користи и за услугата„Рурален доктор„ Локалната самоуправа на Општина Росоман реконструираше просторија во с.Камен Дол за потребите на месната заедница. Просторијата е комплетно реконструирана и ставена во функција за потребите на граѓаните од оваа месна заедница. Меѓу другото оваа просторија ќе се користи и за извршување на прегледи од страна на “Рурален доктор” кој во изминатиот период прегледите ги извршуваше на улица. Советот и градоначалникот на Росоман, Бранко Јанев имаа слух за потребите од ваков простор за обавување на секојдневните активнисти на ова Росоманско село.Можеби тоа ке биде поттик за зголемување на секојдневите потреби со што ке се решаваат проблемите.