Во Росоман вчера Ротаракт донира спорска опрема и реквизити во ООУ„Пере Тошев„.Опремата е добредојдена за учениците кои ќе им имаат можност да ги користат двете игралишта за кошарка и ракомет односно мал фудбал.Истовремено извршено е обележување на двете игралишта.

Владимир Керовски-претседател на Ротаракт Кавадарци рече дека наишле на големо разбирање за реализација на активноста на нивното Здружение и дека ќе продолжат да донираат во слични проекти.

Бранко Јанев- градоначалникот на Општина Росоман-ја поздрави активниста на кавадаречките активисти во Ротаракт, и само потврди дека опремата која е ставена во функција е дојдена во вистински раце и максималко ке биде искористена од учениците и другите млади кои спортуваат а ги има се повеќе.

Директорката на ООУ„Пере Тошев„ Анета Јоновска за ова донација ни изјави:

-„Голема благодарност до Ротаракт и Ротари клуб Кавадарци од мое лично име, од име на учениците и наставниот кадар при ООУ„Пере Тошев“ Росоман за оваа хумана донација. Со оваа активност и донација Ротаракт и Ротари клубот покажуваат не само посветеност кон развивање на спортот и здравиот начин на живот, ами ја покажуваат и својата огромна човечност и хуманост, кои не се ограничени со делување во едно место, туку за среќа делуваат и во помалите населени места и општини како нашата. Се надевам дека овие хумани млади луѓе ќе бидат инспирација на нашите ученици и младите од Росоман и дека добрите дела и помагањето ќе бидат задолжителен дел од нашето секојдневие.„-нагласи Јоновска

Инаку на малата свеченост која беше посветена на ова донација се сретнаа во две спортски дисциплини (кошарка и мал фудбал) учениците од росоманското училиште и ООУ„Страшо Пинџур„ под Кавадарци, под менторство на наставниците ; Милан Колев, Трајче Орешков и Душко Јошев.

rot4.jpgrot3.jpg

rot7.jpg

rot2.jpg

rot8.jpg

rot6.jpg

rot5.jpg

rot1.jpg