МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Ристо Јошев ја доби довербата во наредните 4 години да раководи со советот на општина Росоман

Советот на Општина Росоман денеска ја одржа првата конститутивна седница. Во присуство на сите 9 советници, 4 од ВМРО ДПМНЕ, 3 од СДСМ и по еден од ПОДЕМ и ЛЕВИЦА со седницата раководеше највозрасниот меѓу новоизбраните советници Ристо Јошев. Прво беше избран претседател и членови на комисија за верификација,мандатни прашања, избори и именувања. Комисијата ги провери мандатите а потоа и поднесе извештај по што следуваше верификација на мандатите на сите советници а истите дадоаи потпишаа свечена изјава.

Следуваше изборот на претседател на советот а во игра беа две имиња Ристо Јошев и Јованче Јошев.

За највозрасниот Ристо Јошев гласаа советниците од СДСМ, ПОДЕМ и ЛЕВИЦА што значеше дека Ристо Јошев во наредните 4 години ке ја обавува функцијата претседател на советот на општина Росоман. На крај свои обраќања имаа новоизбраниот претседател, Јованче Јошев од ВМРО ДПМНЕ како и градоначалникот Стојан Николов

М.В.

252362629_430655721889675_6376821928074349274_n