ВО ПОДМЕТНАТИОТ ПОЖАР ВО РОСОМАНСКО ГАСНЕА И АВИОНИ

Голем пожар во Росоманско, во атарот на селата Камен дол, Дебрише и Мрзен беснееше синоќа и денеска . Информацијата ја потврди Петко Ристовски, магистер по заштита на шуми во подружницата на “Македонски шуми” во Кавадарци.

-Според првичните информации пожарот синоќа го подметнал селанец од Камен дол, со тоа што запалил оган на неколку места по што пламените јазици се прошириле и се споиле во еден. Едно време го локализиравме пожарот но денес тој повторно беше активен и на терен бевме присутни со 20 работници од шумското и една цистерна, 5 пожарникари од територијалната противпожарна единица од градот Кавадарци со еднопротивпожарно возило, 5 лица од локалната самоуправа Росоман. Тука беа и два авиона од Дирекцијата за заштита и спасување кои вода полнеа од Тиквешкото Езеро-рече Ристовски од подружницата “Бор”.

Тој кажа дека од пожарот беа зафатени 150 хектари сува трева и трње, а тие се обидуваа да го стават под контрола со цел да не се прошири наоколу и да не префрли во прилепско и велешко.

Истовремено се бара подметнувчаот на пожарот за кој Ристовски вели дека мора да биде сданкциониран, со цел ваквите нешта да не се повторуваат