МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадречкиот фудбалер и македонски репезентартивец потпиша едногодишен договор со Казахтанскиот клуб

Македонскиот репрезентативен стопер, Ванче Шиков стави потпис на едногодишен договор со тимот на Тобол од Казахстан.

Шиков по една година помината во дресот на Работнички, својот нов интернационален предизвик го најде во тимот на Тобол кој со ангажманот на искусниот стопер потврди дека не се откажува од борбата за излез во Европа. Во договорот потпишан денеска стои и клаузула според која соработката може да биде продолжена на уште една година.

Заменик капитенот на македонската фудбалска репрезентација ќе им се приклучи на своите нови соиграчи дури в среда. За разлика од кај нас, првенството во Казахстан веќе е во тек, а тимот на Тобол по 19 одиграни кола е на петтата позиција на табелата со 25 освоени бода.