МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Клубот кој ќе стане официјално збиралиште на сите поддржувачи на сите „Црвени Ѓаволи“ од Тиквешијата се наоѓа во новиот центар на градот, на улица „Моша Пијаде“ бб до експозитурата на Македонска пошта.

Во 13 часот, половина час пред почетокот на дербито помеѓу најтрофејните англиски екипи, Манчестер Јунајтед и Ливерпул, кое е закажано за во сабота, 14 октомври во 13 часот и 30 минути, официјално ќе биде отворен клубот на навивачите на Манчестер Јунајтед од Кавадарци.

Отворањето на клубот на навивачи на Манчестер Јунајтед од Кавадарци е првиот голем проект на здружението на поддржувачи на најголемиот англиски клуб, кое постои само два месеци. „Уште на самото формирање на клубот на навивачи во нашата програма го ставивме отворањето на клубот како еден од најприоритетните проекти. Клубот претставува место каде што ќе се гледаат настапите на нашиот омилен клуб, но и настапите на македонските репрезентации, ќе се оддржуваат состаноци и ќе се подготвуваат следните проекти“ - рече меѓу другото Диме Коцевски, претседател на клубот на навивачи на Манчестер Јунајтед од Кавадарци.

Според Коцевски, клубот на навивачи на Манчестер Јунајтед од Кавадарци веќе брои педесетина членови, но бројката секојдневно расте. „Веќе имаме околу педесетина членови во групата, но оваа бројка расте, и тоа не ме чуди со оглед на популарноста на клубот. Очекувам дека набрзо ќе стигнеме и до трицифрено членство, а веќе напролет и ќе го официјализираме нашиот статус како прв македонски официјален клуб на навивачи на Манчестер Јунајтед признат и од самиот клуб“ - дополнува Коцевски.

Клубот кој ќе стане официјално збиралиште на сите поддржувачи на сите Црвени Ѓаволи од Тиквешијата се наоѓа во новиот центар на градот, на улица „Моша Пијаде“ бб до експозитурата на Македонска пошта.