МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Еуромилк е освојувач на Турнирот „Вуко Каров и Легенди на ФГК Тиквеш 2018.Одлична организација на клубот и покрај лошите временски услови

Кавадарчани беа одлични домаќини на традиционалниот 19-ти фудбалски турнир „Вуко Каров и Легенди на ГФК Тиквеш 2018“.Новата управа на Тиквеш, претседателот Миле Масларков и сите од клубот,го победија: лошото време, студенилото и покажаа на спортска јавност и на Локалната самоуправа дека имаат желба и ќе успеат клубот да го стабилизираат и да ја вратат публиката на трибините.Турнирот беше првиот успешен тест за да веруваме во тоа.Почетниот удар на средбата го означи внукот на Каров-Тоше кој стана неизбежен на сите турнири, од мало дете стана момче кое се гордее со својот дедо и фудбалската игра.Инаку турнирот на почетокот го отвори и посака успешно одвивање Миле Масларков-претседател од името на новата Управа, и градоначалникот Митко Јанчев кој и денеска ја нагласи својата поддршка за клубот и фудбалот во Кавадарци.Средбите ги следеа познати поранешни играчи на Туквеш меѓу нив;Милков. Бошковски, Стефанов, Недев и други.

И покрај снегот, и студеното време по лоши услови за игра, беше покажан борбен фудбал, а се играше на италијански систем:Во првата средба ГФК Тиквеш го победи Тетекс со 3 : 1, Еромилк и Тетекс играа 0 : 0 а во последната средба Еуромилк го победи ГФК Тиквеш 1930 со 1 : 0. Па така Еуромилк бешпе прв, ГФК Тиквеш втор и Тетекс- трет на турнирот.

По натпреварите Масларков ги додели пехарите на победникот Еуромилк од Скопје а и подинечните награди;За најдобар играч беше прогласен Ѓорѓи Мојсов од ГФК Тиквеш a најдобар голман-Мирза Дураковиќ.

РТК.МК вршеше директен пренос на лајв стримот rtklive.rtk.mk . и на ФБ прифилот.Порталот доби благодарница за својот придонес за овој настан.Благодарница доби и Ване Стојанов за најверен фан на ГФК Тиквеш.На висона на својата задача беа и навивачите Лозари Исток.