Нерешениот исход од средбата со Вардар е минато.ГФК Тиквеш очекува победа против Кит-го.“Оправдувања за резулаттот нема.Потфрли нападот и средниот ред„- вели тренерот Димитковски.
Многу очекувања, рекордно присуство на навивачите„ Лозари Исток“ во Неготино.Дерби средбата од Втората фудбалска лига помина без голови. Всушуност ова и не беше дерби бидејки Тиквеш е на 2 место и се бори за влез во Прва Лига а Вардар од Неготино е на 8 место и мал број на бодови без шанси за Прва лига .Но ривалството меѓу двата града , го направи натпреварот возбудлив.Навивањето се врати.Повозрасни, помлади се беше како во старите добри времиња. Атмосфера која ретко може да се види.Се надеваме , се помина во најдобар ред.
Оценките многумина кои ја гледаа седбата истакнуваат дека истата била слаба.
Без посебни коментари за средбата денеска оценка за неа побаравме од квалификувани лица-тренерот на ГФК Тиквеш.
Љупчо Димитковски -Гањо за натпреварот ни изјави.
-„ Игравме под очекувањата освен голманот и одбраната кои беа на висина на договореното пред средбата.Хендикеп беше 100-постотната нереализирана шанса за гол која во првото полувреме .Ако тоа беше гол, ке се отвореше играта и можевме на противникот да му дадеме неколку гола. Теренот беше многу влажен , што нам не ни одговараше.Убава беше атмосверата , и добро би било навивачите „Лозари Исток“, да да ги видиме на следните три средби особено со КИТ-ГО овој викенд во Кавадарци и следните две средби со Брегалница во Штип и со Борец во Велес.Тоа за нас би било доста значајно, вели Димитковски и додава:
„Инаку од трите преостанати средби очекувам најмалку 5-6 бода.Првата утакмица со КИТ-ГО треба да ја добиеме а следните две многу значајни средби да не ги изгубиме, или да се вратиме со три бода, би било одлично.Но мореаме да имаме во обзир дека и двата клуба од Штип и Велес имаат свои планови и калкулации за сигурни победи. Едно знам, дека ке пружиме отпор и максимални напори, за ова полу сезона да ја завршиме без ниеден пораз и да останеме во горниот дел на табелата на Втора Лига, први, или втори за да напролет го оствариме нашиот генерален план-влезот во Прва лига што беше моја и заложба на Управата на клубот и се разбура на фудбалерите“ , додава стратегот на ГФК Тиквеш Љупчо Димитковски Гањо за РТК.МК.