МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

СТЕФАН НАУМЧЕСКИ Е НОВ ИГРАЧ НА ГФК ТИКВЕШМИНАТАТА ПОЛУСЕЗОНА ОДИГРА ДВЕ СРЕДБИ ЗА ТИКВЕШ НО ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА ПРЕД ВРЕМЕ ЈА ЗАВРШИ ПОЗАЈМИЦАТА

На крајот од преодниот рок во македонскиот фудбал екипата на ГФК „Тиквеш“ од Кавадарци доведе уште едно големо засилување. Нов член на кавадаречкиот второлигаш е Стефан Наумчевски кој доаѓа од екипата на скопски „Вардар“. Станува збор за одбранбен фудбалер кој може да одигра и како играч за врска роден 2000 год и кој со клубот од Кавадарци потпиша договор на една година.Наумчевски е фудбалер кој настапуваше за Победа, Металург и Вардар.Минатат сезона во зимскиот преоден рок дојде на 6 месечна позајмица но пандемијата го спречи во целост да си ја исполни позајмицата па одигра само два натпревари во дресот на „Тиквеш“. Само да споменеме дека станува збор за младински репрезентативец кој има настапувано во У-17, У-18 и У- 19 националниот тим.

м.в.