МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ШАНСИ И ГОЛОВИ

ВО СЛЕДНОТО КОЛО ТИКВЕШ ВО ВИНИЦА А РОСОМАН ДОМА СО КОЖУВ

Супер-дербито од петтото коло на ВМФЛ-Исток, меѓу најквалитетните во моментов екипи во ова натпреварување, „ФГК Тиквеш 1930“ и „ ФК Брегалница“ од Штип, заврши без победник 1-1. Средбата која се одигра во Неготино ја одбележа грубата игра особено на гостинските фудбалери,нивната вулгарност и дрскост. Гостите повеке глумеа и лежеа по теренот наместо да играат фудбал. „Тиквеш“ поведе со голот на Мишов. Потоа следеше исклучување за фудбалер на „Брегалница“ кој се дрзна да го пцуе главниот судија.Пцости и закани доагаа и од клупата за резерви на штипјани која оправдано заработи 3 жолти и 1 црвен картон. Но сепак штипјани во финишот добија поклон пенал кој го реализираше Стојанов. Потоа штипјани постигнаа уште еден гол кој беше поништен заради офсајд ситуација.„Слога“ Виница пропушти победа на теренот на „Осогово“ во Кочани играјки само 1-1.Со голот на Бојан Иванов гостите од Виница поведоа со 0-1. Илија Далчески во продолжението успеа само да ги спаси кочанчани од пораз. Со автоголовите на Дебрешлиоски и Колески, „Кожув“ во Гевгелија ја совлада прилепска „Победа“ со 2-1. Единствениот гол за прилепчани го постигна Филип Димоски. Победа на гости забележа и „Кит-Го“, кој во Македонска Каменица ја совлада „Саса“ со 2-3. Алексовски, Андонов и Дујовски ги постигнаа головите за победничката екипа, а Донов и Гоцевски погодија за домаќините. Во Радовиш, „Плачковица“ ја забележа првата победа сезонава откако Петровски, Јанкуловски и Тасевски ги постигнаа головите за триумф од 3-0 против „Росоман“. По 5 одиграни кола „Тиквеш„ е прв на табелата со 11 освоени бодови колку што има и „Брегалница“ но кавадарчани имаат подобра гол разлика. Следното коло на програмата е на 4 октомври. Тиквеш ке и гостува на „Слога“ во Виница додека „Росоман“ дома го пречекува „Кожув“ а ова коло ке го одбележи и братскиот дуел помегу „Кит Го“ и „Брегалница“.

м.в.