МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

КАВАДАРЧАНИ ЦЕЛАТА РАБОТА ЈА ЗАВРШИЈА ЗА САМО 15 МИНУТИ. Во пресметката на екс прволигашите ГФК Тиквеш 1930 и „Ќ ФК Победа од Прилеп на стадионот во Росоман каде Тиквеш овој пат играше како домакин убедлива победа на кавадарчани кои и натаму се лидери на табелата во ВМФЛ-исток. Веќе во 4 мин Симеон Христов со прекрасно изведен слободен удар го отвори резултатот. Само две минути подоцна Лука Трајковски зголеми на 2-0 а во 15 мин Дарко Гроздановски ги постави конечните 3-0. Во останатиот дел од средбата гледавме квалитетна фудбалска претстава со шанси на двете страни но голманите на двете екипи не дозволија нивните мрежи да се тресат. ГФК Тиквеш на оваа средба беше без Делов кој има скршен прст на раката како и без Љамчевски кој одмара а и тренерот Цицмиловиќ средбата ја гледаше од трибините.Тиквеш ја забележа првата домашна победа, остана лидер на табелата и со нетрпение ке се чека комшиската пресметка со ФК "Росоман 83 " во следното коло. м.в. https://www.facebook.com/rtkavadarci/videos/253682016075254