МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

КАВАДАРЧАНИ САМО СО ПОБЕДА ОСТАНУВААТ ВО ТРКА СО БРЕГАЛНИЦА КОЈА ГО ПРЕЧЕКУВА РОСОМАН

Продолжува мртвата трка за бодови помеѓу екипите на „Тиквеш“ и „Брегалница“ од Штип.Во рамките на 9 коло од ВМФЛ група исток во сабота со почеток од 14.30 екипата на „ГФК Тиквеш“ како домаќин во Росоман ке го пречека тимот на „Каменица Саса“. Кавадарчани се фаворити и ниеден друг резултат освен победа не им одговара, бидејки само со три нови бода остануваат во трка за врвот со екипата на штипска „Брегалница“ која во ова коло исто така игра на домашен терен и го пречекува тимот на „Росоман“.

Тимот на „Кожув“ во ова коло ке има тешка задача бидејки ке ја пречека екипата на „Кит Го“ а во останатите дуели „Осогово“ игра со „Плачковица“ а „Слога“ во Виница ја пречекува прилепска „Победа“. Да потсетиме дека екипата на „Тиквеш“ и по 8 првенствени кола ја има убедливо најдобрата одбрана која сеуште не примила гол од игра и на средбата со „Саса“ ке се обидат да остане така. За сите љубители на фудбалот да напоменеме дека ке има директен пренос со коментар од средбата „Тиквеш“ - „Каменица Саса“ во сабота на фејсбук профилот на RTK.MK од 14.30 ч.

м.в.