ДАЛИ БРЕГАЛНИЦА Е НОВИОТ ПРВОЛИГАШ ?ТИКВЕШ ОСТАНА БЕЗ ТРЕНЕРОТ ЦИЦМИЛОВИЌ И НАЈДОБРИОТ СТРЕЛЕЦ ХРИСТОВ ПРЕД ДЕРБИТО ВО ШТИП
13 коло од ВМФЛ група исток најверојатно стави крај на натпреварувачкиот дел односно оној дел кој се однесуваше на борбата за врвот на табелата. По ова коло штипјани му избегаа 5 бода на најголемиот конкурент а во следното коло на домашен терен во директна пресметка најверојатно ке си го заверат прволигашкиот пасош. Да тргнеме по ред. „Тиквеш“ загуби во Неготино од „Кит Го“ со 1-4. Пехчевци мотивирани и морално и финансиски со помош на скопските судии завршија огромна работа за штипјани. Прво ги освоија сите три бода а второ играчки го ослабија „Тиквеш“ пред директната пресметка со „Брегалница“ во наредното коло. Најдобриот стрелец Симе Христов доби црвен картон а по натпреварот и тренерот Цицмиловиќ си поднесе оставка. „Брегалница“ очекувано славеше во Кочани против „Осогово“ со 1-3. Во Каменица „Саса“ со 5-0 го совлада „Росоман“, а средбите „Плачковица“ - „Победа“ и „Кожув“ - „Слога“ завршија без голови.
1 „Брегалница“ Штип 13 11 2 0 35:9 35
2 „Тиквеш“ 13 9 3 1 32:10 30
3 „Кожув“ 13 4 7 2 14:13 19
4 „Кит-Го“ Пехчево 13 5 3 5 20:20 18
5 „Слога“ Виница 13 4 5 4 15:18 17
6 „Саса“ 13 4 3 6 17:18 15
7 „Победа“ 13 3 4 6 14:16 13
8 „Осогово“ 13 2 7 4 15:22 13
9 „Росоман“ 13 2 2 9 15:39 8
10 „Плачковица“ 13 1 4 8 8:20 7
м.в.