ДАЛИ БРЕГАЛНИЦА КЕ СЕ ОДЛЕПИ ИЛИ ТИКВЕШ ПОВТОРНО КЕ СЕ ПРИБЛИЖИ ?
Викендов се игра 14 коло во втората македонска фудбалска лига група исток. Судиските неправди дефинитивно го скроија досега врвот на табелата каде уште од самиот почеток се издвоија само две екипи „Брегалница“ Штип и„Тиквеш“. Неправдите беа и се на штета на кавадарчани а во корист на штипјани.Хронолошки - против „Кожув“ во Неготино судиите директно влијаеа на конечниот резултат 1-1. Неколку кола подоцна идентична ситуација. Против штипјани и повторно во Неготино и повторно во режија на судиите „Тиквеш“ драстично оштетен па одигра повторно 1-1. Симптоматично - во Гевгелија кавадарчани повторно оштетени и повторно само 1-1 во судиска режија. Чашата ја прели средбата од минатото коло со „Кит Го“ во Неготино кога Пехчевци со сесрдна помош на судиите му го нанесоа првиот пораз на „Тиквеш“. Тренерот на „Тиквеш“ Раде Цицмиловиќ не ги издржа неправдите и судиските бламажи па по првиот пораз си поднесе оставка од морални причини. Па сега во пресрет на утрешното коло и клучното дерби со „Брегалница“ среде Штип екипата на „Тиквеш“ од клупата ке ја водат досегашните помошници на Цицмиловиќ, Трајче Орешков и Диме Златев. „Тиквеш“ ке биде ослабен поради неиграњето на најдобриот стрелец Христов кој благодарение на судиските бламажи во минатото коло заработи црвен картон. Штипјани имаат сега 5 бода предност што значи дека оваа средба за кавадарчани буквално е да се биде или не. Покрај големото дерби во останатите средби се среќаваат
- „Росоман“ под итно треба да ја сопре серијата порази па во директен дуел со фенерџијата „Плачковица“ на домашен терен има убава можност да прокнижи три бода. „Победа“ во Прилеп го пречекува „Кожув“, „Слога“ во Виница игра со „Осогово“ а „Кит Го„ во Пехчево ке ги пречекас комшиите од Каменица екипата на „Саса“.
Сите средби се играат со почеток во 13 часот.
м.в.