фото РТК.МК спорт

ВО 13 ЧАСОТ ВО МАРЕНА ИГРААТ ГФК ТИКВЕШ - ПЛАЧКОВИЦА А ОД 14 ЧАСОТ ВО НЕГОТИНО КЕ СЕ СРЕТНАТ ВАРДАР - КАДИНО

Утре со почеток во 13 часот на стадионот во Марена екипата на ГФК „Тиквеш“ ке одигра пријателски контролен натпревар со екипата на „Плачковица“ предводена од нашиот Љупчо Димитковски. Новиот тренер на „Тиквеш“ Пане Блажевски најверојатно и утре ке им даде можност на поголем дел на расположиви фудбалери се со цел да се согледаат вистинските можности на секој играч поединечно неговата вистинска улога во тимот, да се искористи средбата за воигрување но и да се провери дали некоја одредена позиција „чкрипи“ и ке треба ли да се ангажираат засилувања за да се пополнат одредени позиции.

Никола Глигоров како нов тренер на третолигашот „Вардар“ од Неготино продолжува да го засилува својот нов тим со проверени играчи кои настапуваа под негова команда во претходниот клуб, второлигашот „Росоман“. Во Неготино засега пристигнаа Благоја Темков, Никола Вареловски Ники,Игор Ѓорѓиев Тоти, Бране Андонов и Дарко Мојсовски сите од Росоман. Екипата ја засили и Миле Чаушев од Марена и Дончо Јанев од Габер. Последна аквизиција на неготинчани е Борче Димовски кој исто така доаѓа од екипата на „Росоман“. Димовски и порано го носеше дресот на „Вардар“ а настапувал и за „Металург“, „Тиквеш“, „Слога“ Виница и „Марена“. Екипата на „Вардар“ за утре има закажано контролен натпревар со екипата на „Кадино“ која настапува во втората лига Запад. Средбата се игра во Неготино со почеток во 14 часот.

м.в.