МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

СТАРТОТ НА ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ВО ТРЕТАТА ЛИГА ЈУГ ПРОЛОНГИРАН ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ШТО ЗНАЧИ КЕ СЕ ИГРА НА 28 ФЕВРУАРИ

Вчера требаше да се одигра пријателски контролен натпревар во Градско и тоа помешу екипите на „Локомотива“ и „Тиквеш“. Средбата не се одигра заради фактот што екипата од Градско сака да го сочува теренот за почеток на сезоната. Според одлука на градоначалникот на Градско, сите тренинзи на екипата ке се обавуваат на околните терени или во спортската сала во склоп на училиштето. Во известувањето од „Локомотива“ стои дека контролниот натпревар е откажан поради оптеретување на дренажниот систем на теренот и за да се заштити истиот пред почетокот на сезоната.Кога сме кај почетокот на пролетниот дел кој требаше да стартува овој викенд заради ниските температури, замрзнатите и со снег покриени терени и пред се да се сочува здравјето на истите стартот е пролонгиран за една недела. Значи 14 коло кое на програмата требаше да се одигра на 21 февруари ке се одигра во истите термини на 28 февруари.

м.в.