МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ТИКВЕШ ВО МАРЕНА КЕ ИГРА СО ПОБЕДА , РОСОМАН СО КОЖУВ КЕ ГО ОДБЕЛЕЖИ TУРНИРОТ ПОСВЕТЕН НА НИКОЛА ТЕМОВ-МУСКУЛОТ, ВАРДАР ИГРА СО БРАТСТВО А ЛОКОМОТИВА БАРА ПРОТИВНИК

Се ближи стартот на пролетниот дел од фудбалското првенство на Македонија во одредени лиги. Затоа екипите и овој викенд се во потрага по спаринг партнери за така наречените генералки. Втортолигашот „ГФК Тиквеш“ според однапред предвидениот план во недела ке одигра контролен натпревар со екипата на прилепска „Победа“. Средбата ке се одигра на стадионот во Марена бидејки градскиот стадион во Кавадарци се чува за стартот на првенството наредниот викенд.Пријателски натпревар во недела ке одиугра и екипата на второлигашот „Росоман“. „Росоман“ и „Кожув“ ке одиграат еден натпревар во чест на легендата Никола Темов - Мускулот. Годинава овој традиционален турнир ке биде скромен и само со една средба но сепак преку овој натпревар уште еднаш ке му се оддаде почит на оваа фудбалска легенда.Во недела контролен натпревар ке одиграат и третолигашите „Вардар“ Неготино и „Братство“. Двете екипи во пролетниот дел имаат исти амбиции и тоа највисок пласман и обид за влез во втората лига. Средбата се игра во недела на стадионот во Неготино. И екипшата на „Локомотива“ од Градско е во потрага по спаринг партнер.Меѓутоа во овие услови не е лесно да се најде солиден противник бидејки одлагањето на стартот на пролетниот дел ги натера екипите експресно да изреагираат па слободни квалитетни противници тешко се наоѓаат. м.в.