КАВАДАРЧАНИ ВО АНЕМИЧНА ИГРА НЕ СЕ СНАЈДОА ПРОТИВ ДЕСТРУКТИВНАТА ИГРА НА ВИНИЧАНИ
Во 19 коло од ВМФЛ група исток водечките екипи киксираа.ГФК Тиквеш одигра мошне слабо и иако ја контролираше играта и ја имаше иницијативата, домашните напаѓачи не успеаја да го совладаат голманот на „Слога“ од Виница.Да бидеме фер и коректни виничани дури имаа и неколку идеални можности за да го однесат полниот плен од оваа средба но тие пред се беа ориентирани на деструктивна игра со многу фаули и лежење на теренот.„Тиквеш“ постигна гол во 45 мин но истиот беше поништен заради наводна офсајд позиција. Мало оправдување е што Тиквеш настапи десеткуван без неколку стандардни првотимци како Христов, Мојсов,Петар Љамчевски,Петковски, Костов па средбата заврши без голови а кавадарчани не успеаја да го искористат киксот на „Брегалница“ која исто така се лизна на домашен терен и одигра само 1:1 со „Саса“. „Осогово“ во Кочани со 4:1 го совлада „Росоман“. прилепска „Победа“ славеше со 1:2 нагости кај „Кит Го“ а „Кожув“ со 2:1 ја победи „Плачковица“.
М.В.
ГОЛОТ НА ТИКВЕШ НЕ БЕШЕ ПОСТИГНАТ ОД ОФСАЈД
ВИДИ СНИМКА :
https://www.facebook.com/gjorgji.mojsov/videos/10215297838197977
м.д.