МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ФУДБАЛЕРИТЕ НА ГФК ТИКВЕШ И НА БРЕГАЛНИЦА НА ДОМАШЕН ТЕРЕН ОСВОИЈА САМО ПО БОД

19 коло од првата македонска фудбалска лига помина без поголеми изненадувања иако лидерите на табелата разочараа и не успеаја да забележат победа на домашен терен. Тиквеш одигра без голови 0:0 со Слога на домашен терен а и екипата на „Брегалница“ во Штип не успеа да ја совлада Саса и одигра само 1:1. „Осогово“ го искористи домашниот терен и со 4:1 го совлада „Росоман“ а домашниот терен го искористи и „Кожув“ кој со 2:1 ја совлада Плачковица . „Кит Го“ во Пехчево не успеа да ја совлада прилепска Победа и одигра само 2:2. ГФК Тиквеш не го искористи киксот на „брегалница“ и пропушти можност да им се приближи на штипјани на 5 бода разлика, па затоа разликата меѓу овие две екипи и натаму останува 7 бода.

М.В.

161707282_186660936317332_803524331020361116_n