МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ОДЛОЖЕНИТЕ СРЕДБИ ОД 20 КОЛО КЕ СЕ ОДИГРААТ УТРЕ СО ПОЧЕТОК ОД 15 ЧАСОТ

- ТИКВЕШ И ГОСТУВА НА ПОБЕДА ВО ПРИЛЕП

Поради обилните врнежи од снег изминатиот викенд беа одложени 4 средби во втората македонска фудбалска лига, по две во групите исток и запад. Првично ФФМ средбите ги презакажа за 24 март. Меѓутоа поради празниот термин заради репрезентативните обврски и настапи клубовите побараа и се договорија одложените средби да се одиграат утре, сабота на 27 март. Во западната група одложени се средбите помеѓу Кораб - Велазерими, како и Дрита - Гостивар. На истокот одложении се дуелите Плачковица - Кит-Го, како и натпреварот помеѓу Победа и Тиквеш. Нашите фудбалери ја имаат фаворитската улога но прилепчани се незгоден противник па може да се очекува интересен дуел. М.В.