БЕЗ ПРОМЕНИ НА ТАБЕЛАТА ПО КОМПЛЕТИРАЊЕТО НА 20 КОЛО ОД ВТОРАТА ЛИГА ИСТОК

Комплетирањето на 20 коло од втората лига исток недонесе промени на првенствената табела. Тиквеш славеше со минимални 0:1 на гостувањето во Прилеп кај Победа и ја задржа разликата со Брегалница Штип. Кавадарчани се втори на табелата и заостануваат 7 бода зад лидерот. Екипата на Кит Го славеше во Радовиш со 0:2 против Плачковица. Тимот од Пехчево го дели третото место со Кожув и заостануваат цели 13 бода зад Тиквеш додека радовишани останаа заковани на претпоследната позиција.

М.В.

166432340_457379772379778_1011947586422774071_n