IN MEMORIAM-ЉУПЧО ФИЛИПОВ (22.09.1959 - 14.06.2021)

Непријатно одекна веста за смртта на Љупчо Филипов човек од спортот. Филипов беше човек кој сите го знаеја, познаваа и почитуваа. Во спортот посебен белег остави во фудбалските кругови каде беше пример за сите а посебно за помладите на кои им даваше вистинска насока за тоа како треба да се игра фудбалот. Низ негови раце поминаа голем број на генерации фудбалери кои своите почетоци ги имаа во ФК Тиквеш каде Филипов работеше како тренер на младинскиот погон а подоцна и како координатор на истите. Најмладите ги учеше не само на тајните на фудбалската игра туку пред се како да ја изградат својата личност, сопствената култура а подоцна преку фудбалот како да се се издигнат во врвни професионалци. Беше еден од првите луѓе на „Отворените забавни фудбалски школи“ низ кои продефилираа голем број на дечиња од градот и околината. Како дел од федерацијата на училишен спорт се залагаше и помагаше неговото Кавадарци да добие многу организации на училишни натпревари на национално ниво. Токму затоа Федерацијата за училишен спорт денешниот ден го прогласи за ден на жалост во федерацијата и го одложи состанокот на Извршниот одбор на кој и Филипов требаше да присуствува како секретар на федерацијата за западниот регион.

Како фудбалер 3 месеци беше на подготовки во летниот период во Црвена Ѕвезда во 1978 година во време на поранешна Југославија по неговото завршување на средното фискултурно училиште “Методија Митевски 0Брицо „-Скопје

Накратко Љупчо Филипов беше пример за спортист, професор, наставник,тренер, педагог.љ

Љупчо Филипов ке биде погребан денеска на гробиштата во село Сопот, во 12.30 часот.

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------

Изрази на сочувство до нашата редакција пористигнаа и од други места.

Објавуваме неколку во изворна форма.

IN MEMORIAM

Љупчо Филипов ( 22.09.1959 - 14.06.2021 )

Непријатно одекна веста за смртта на Љупчо Филипов-поранешен координатор и тренер во младинска школа на ФК Тиквеш

За него нема човек што не го познавал, осoбено во фудбалските кругови да не каже дека му бил смерница како треба да игра да игра фудбал.Професор, наставник,тренер, педагог. Низ неговите раце поминаа многу генерации фудбалери кои своите почетоци ги минаа во школата на ФК Тиквеш кои најпрво ги учеше на создавање на своја личност и култура а потоа и како идни фудбалери кои ќе се издигнат во врвни професионалци.

Последен поздрав чичко Љупчо!!!

Почивај во Мир !!!Најискрено сочуство до фамилијата!!!

----------------------------------------------------------------

5.06.2021 година, го прогласуваме за ден на Жалост во Федерација на училишен спорт на Македонија и го откажуваме состанокот на Извршниот одбор на кој ќе се сретневме со нашиот драг другар, пријател, колега Љупчо Филипов, кој денес ненадејно го напушти овој Свет. Утре ќе се сретнеме во с. Сопот на неговиот погреб да го испратиме...

Љупчо Филипов беше нашиот секретар во сојузот на училишен спорт на Западен регион.

Денес изгубивме човек кој се бореше за младината и спортот, за целиот западен регион, а најмногу за неговото Кавадарци кое денес тажи со сите нас.

Драг Љупчо,

Утре ќе се видевме сите заедно, барем да можевме да те испратиме. Без тебе ФУСМ нема да е веќе иста. Ни недостасуваш.

Почивај во мир!

-----------------------------------------------------------------

Драг чичко Љупче оваа што во моментот го пишувам не можем да поверувам дека е вистина .Голема загуба за сите а посебно за фамилија Филипов.

Беше двигатор во фудбалот и во училишниот спорт .Беше позитивен ,насмеан и коректен.Прерано не напушти .

Изгубивме драг пријател,колега,тренер,секретар и се после тебе нема да биде исто.Кој ве познава знае колку голем бевте како човек и спортски работник .Многу научивме од вас и ќе се потрудиме да пренесеме на идните генерации.

Почивај во мир спортска легендо.

Спортските работници од Неготино и твојот школски и колега од факултет проф, Јордан Симоновски

----------------------------------------------------------