Поради КОВИД мерките влезот на стадионот исклучиво со сертификат за вакцинација или потврда за прележан од КОВИД

Градскиот стадион во Кавадарци вчера и официјално доби зелено светло од надлежната комисија на ФФМ дека на него може да се игра прволигашки мечеви, а тоа значи дека Тиквеш утре ќе ја пречека Академија Пандев на својот стадион. Во првото коло против Шкендија заради реконструкција на соблекувалните, Тиквеш како домакин мораше да игра во Прилеп. Ете кавадарчани чекаа цели 17 години и дочекаа. Утре на градскиот стадион повторно ке се игра прволигашки фудбал. Во рамките на третото, вонредно коло Тиквеш утре од 17 часот ке го пречека тимот на Академија Пандев во обидот да ја забележи првата прволигашка победа по 17 години и да се рехабилитира за несрекниот пораз од Борец во минатото коло. Пандевци првите две кола ги одиграа на домашен терен и во нив прво ремизираа со Струга 1-1 а потоа го совладаа тимот на Работнички со 2-0. Влезниците за овој натпревар ке бидат во строго ограничен број поради мерките од Владата на РМ за исполнување на капацитетот на стадионот до 30 %. Ова значи дека на стадионот би требало да има околу 2000 гледачи. Согласно протоколот за спроведување на мерки за заштита од КОВИД 19 добиен од ФФМ, при влез на стадионот потребно е приложување на Сертификат за вакцинација или потврда за прележан од Ковид 19 не постара од 45 дена. И покрај ваквите протоколи и мерки за заштита од КОВИД 19 утре се очекува вистинска прволигашка фешта во Кавадарци.

М.В.

234340481_308984171021946_1599678481425078641_n