МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Екипата на ГФК Тиквеш обезбеди пласман во следната рунда од купот, додека Локомотива во Градско загуби од Охрид со 0-2

Вчера се одиграа средбите од 1/16 финалето на фудбалскиот куп на Македонија. Според очекувањата фаворитите, односно прволигашите немаа проблеми со противниците и обезбедија место во следната рунда. Екипата на ГФК Тиквеш конечно се израдува на победа во еден натпревар славејки на гостувањето кај Новаци со резултат 0-2 а головите ги постигнаа Ѓурковски, кој дебитираше во дресот на Тиквеш и Спахиу. Локомотива во Градско ја продолжи серијата порази и загуби овој пат од Охрид кој победи со 0-2 со головите на Бакулески и Шопоски. Најинтересно беше во Прилеп каде се сретнаа Победа и Вардар. Средбата заврши 1-1 а по подобро изведување на пеналите понатаму одат Скопјани. Најефикасно беше во Битола каде Пелистер со 9-0 гпо совлада Љуботен. Еве ги и комплетните резултати од првото коло во купот. Детонит – МАКЕДОНИЈА ЃП 0:3 , Победа – ВАРДАР 1:1 (П 5:6) , Беса– СКОПЈЕ 1:1 (П 5:6) , Локомотива – ОХРИД 0:2 , Љуботен – ПЕЛИСТЕР 0:9 , Гостивар – РЕНОВА 0:4 , Кораби – БЕЛАСИЦА 1:2 , Слога (В) – РАБОТНИЧКИ 0:3 , Новаци – ТИКВЕШ 0:2 , Саса – СТРУГА ТЛ 0:2 , Воска Спорт – БРЕГАЛНИЦА 0:1.На 22 септември своите средби ке ги одиграат КИТ ГО – ШКЕНДИЈА , ЊУ СТАРС – БОРЕЦ и ВЕЛЕШТА – ШКУПИ

М.В.