МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадарчани се во голема криза а тетовчани тешко губат на домашен терен

Фудбалските прволигаши и второлигаши редовното коло ке го одиграат заедно, утре сабота со почеток од 14 часот.

ПРВА ЛИГА

Прволигашите ке го отпочнат вториот круг односно ке ги одиграат средбите од 12 коло. Првиот натпревар се игра денес и во него лидерот Шкупи ке ја пречека штипска Брегалница. Останатите средби се играат во сабота а ГФК Тиквеш има тешка задача да му се спротивстави на тимот на Шкендија која не стартуваше најдобро но сега фати залет и ке биде тешко да се размислува за позитивен исход бидејки средбата се игра на теренот на актуелниот шампион. Сепак спортски е да се надева. Во останатите средби од 12 коло: Струга - А.Пандев, Борец - Работнички, Скопје - Ренова и Пелистер - Македонија ЃП.

ВТОРА ЛИГА

Второлигашите ке ги одиграат средбите од 9 коло, последно од првиот круг. На истокот, екипата на Локомотива од Градско ке има тешко гостување во Пехчево кај Кит Го. Дербито го играат Беласица и Победа.Детонит го пречекува Братство а Кожув ке игра со Осогово. Второто дерби во оваа конкуренција ке го одиграат Саса и Слога. Во западната конференција се среќаваат Кораби - Силекс, Вардар - Гостивар, Воска - Тетекс, Велешта - Охрид и Беса - Кадино.. Сите второлигаши играат утре, сабота од 14 час.

М.В.