МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадаречките фудбалери одиграа борбено, мудро, дисциплинирано и трпеливо и го надиграа противникот

ГФК Тиквеш денеска на градскиот стадион во Кавадарци го пречека тимот на Работнички. Убавото време ги наполни трибините а фудбалерите знаеја како да вратат за подршката. Од почетокот Тиквеш наметна темпо и неколкупати се закани а по 33 мин.Барга Нгоба по една нафрлена топка се најде на вистинското место и го совлада голманот на Работнички. По примениот гол скопјани малку се подотворија и создадоа неколку шанси но без реализација. Воо вториот дел Работнички продолжи со јаловите напади но кавадаречката одбрана одигра на највисоко ниво. Во 69 мин Едис Спахиу украде една топка на средината на теренот, ја претрча одбраната на Работнички и биеше но неговиот удар голманот Јанков го одбрани. За среќа на Кавадарчани топката повторно стигна до Спахиу кој рутински ја уфрли во празната мрежа и ги постави конечните 2-0.

М.В.