Лидерот во српското првенство го доби контролниот натпревар со 2-1

Сениорската екипа на ГФК Тиквеш се наоѓа во Анталија Турција каде ги одработуваат десет дневните зимски подготовки. Тие вчера го одигра својот прв пријателски натпревар во подготвителниотн период против екипата на ФК Партизан од Белград. Натпреварот заврши со резултат од 2:1 во полза на Српскиот Суперлигаш . Избраниците на Влатко Костов не се посрамотија против далеку поквалитетниот и поскап ривал кој тестираше игра, менуваше формации и имаше буквално две постави во двете полувремиња. Тиквеш одигра допадливо во делот на одбраната, имаше и предност во едел дел од мечот, а потоа се потлекна пред притисокот. Партизан можеше да дојде и до уште еден гол во вториот дел, но голманите на Тиквеш Давков и Димоски добро си ја завршија работата. Се играше средината на првиот дел, кога Тиквеш доби пенал кој во гол го претвори Иван Иваноски. Токму и тој го изнуди, откако во обид да центрира, топката удри во раката во еден од дефанзивците на белграѓани. Меѓутоа само кратко траеше радоста на Тиквеш, затоа што Јојиќ успеа да израмни по една акција од десната страна, и доцнењето на голманот Давков. Десетина минути подоцна Партизан и поведе. Овојпат акција по левата страна, а стрелец Рикардо кој остана осамен и од свртување го совлада Давков. Во вториот дел Партизан целосно се пресели на половината на Тиквеш, еднаш ја погоди и пречката, еднаш и Димовски одлично одбрани за конечни 2-1. Шефот на стручниот штаб Влатко Костов на овој натпревар кој се одигра во Белек му даде шанса на повеќемина фудбалери но импресиите се чини беа преголеми да се игра против најдобриот тим во српската Суперлига и актуелен лидер Партизан.Следен натпревар од Зимските подготовки во Анталија на ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци е против екипата на ФК Олимпик од Узбекистан. Натпреварот ќе се одигра утре на 27 јануари (четврток) со почеток од 14 часот по Македонско време.