Пролетниот дел од сезоната стартува на 13 февруари

ГФК Тиквеш ги одработи десетдневните подготовки во Анталија, Турција. Кавадаречкиот прволигаш одигра и три контролни натпревари и тоа со белградски Партизан средба во која водеше со 1-0 но сепак загуби со 1-2. Следуваше убедлив пораз од 0-3 против екипата на Олимпик од Узбекистан. На крај кавадарчани одиграа со рускиот Кубан Краснодар во натпревар кој заврши 2-2 иако македонскиот тим по првото полувреме водеше со 2-0. Тиквеш се врати во Кавадарци и веднаш продолжи со подготовките во обидот во пролетниот дел од сезоната да обезбеди опстанок во елитата.Последен пријателски натпревар во рамките од зимскиот подготвителен период за ГФК Тиквеш ке биде против екипата на Победа од Прилеп. Натпреварот ќе се одигра на градскиот стадион во Прилеп во недела со почеток од 13:00 часот. Пролетниот дел за прволигашите стартува на 13 февруари со средбите од 19 коло во кое ГФК Тиквеш ке и гостува на Македонија ЃП

м.в.