Играчот за врска во Кавадарци дојде од екипата на Работнички

Непосредно пред стартот на пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ екипата на Тиквеш го доведе и петтото засилување во зимскиот преоден рок. Играчот за врска Драган Стојков е нов играч на Тиквеш а доаѓа од редовите на Работнички од Скопје. Стојков е поранешен репрезентативец на Македонија и со своето домашно и интернационално искуство ќе биде големо засилување за екипата предводена од Влатко Костов. Претходно во овој зимскиот преоден рок ФК Тиквеш ги ангажираше Андреј Лазаров од Работнички, Глигор Дончев од Охрид, Мартин Давков од Кит Го и Николај Христов од ФК Левски Лом. ПМФЛ продолжува во недела а во првиот натпревар Тиквеш ке гостува во Ѓорче Петров против екипата на Македонија . Кавадарчани најавија дека е можно да ангажираат уште неколку нови играчи.

м.в.