МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во третата лига југ Росоман со 3-0 го совлада Питу Гули и остана прв на табрелата

Кај второлигашите борбата за врвот станува се поинтересна по одиграното 20 коло. На истокот киксна лидерот. Слога гостуваше во Гевгелија кај Кожув и загуби минимално со 0-1. Тоа го искористија другите претенденти за врвот кои беа сигурни. Саса во Градско кај Локомотива славеше со 0-4 , Беласица на гости го доби Братство со 0-3 а Победа славеше кај Детонит со 2-5 додека Осогово во Кочани одигра само 1-1 со Пехчево. Слога е прва со 42 бода, Победа и Беласица имаат по 41 а Саса 40.И на западот фаворитите забележаа идентични гостински победи. Кораби – Силекс 0-1, Велешта – Вардар 0-1, Охрид – Воска 0-1 а Тетекс го доби Кадино со 0-4. Единствено Гостивар на домашен терен одигра 0-0 со Беса. Води силекс со 50 бодови пред воска со 45 и Вардар со 40Во третата лига се одигра 5 коло. Лидерот Росоман го совлада Питу Гули со 3-0 и остана на врвот. И Превалец ја задржа втората позиција откако го совлада Марена со 4-1. Вардар во Неготино одигра без голови со Обршани а Возарци прокнижи уште еден пораз и загуби на домашен терен од Големо Коњари со 0-2. Бучин со 6-5 го доби тимот на Младост додека екипата на Динамо беше слободна.

viber_image_2022-03-21_13-54-22-184

М.Виденовиќ