Вардар Неготино славеше убедливо нагости кај Превалец и го превзеде првото место на табелата

Вчера се одиграа средбите од уште едно вонредно, овој пат 8 по ред коло во третата македонска фудбалска лига група југ. Дербито на колото го одиграа водечките екипи Превалец и Вардар од Неготино но немаше дерби бидејки гостите доминираа во секој поглед и славеа со убедливи 3-6. Фудбалерите на Росоман им се вратија на победите откако на домашен терен го совладаа Бучин со 3-1. Средбата Марена – Слога Лажани ке се одигра во друг термин поради трегична смрт на еден млад фудбалер од Лажани. Возарци ДМД гостуваше во Кривогаштани кај екипата на Младост и доживеа уште еден убедлив пораз од 5-0 со што остана закован на дното на табелата. Обршани и Динамо одиграа без голови 0-0 а Ново Црнилиште прокнижи уште една победа од 4-2 над Големо КоњариНа табелата сега води Вардар Неготино со 17 бодови пред Превалец и Росоман кои имаат по 16 но росоманчани имаат и натпревар повеке.

М.В.