На гостувањето кај Шкупи на кавадарчани прво им е досуден пенал за да судиите потоа ја поништат сопствената одлука

25 коло кај фудбалските прволигаши донесе неколку резултатски изненадувања. Брегалница – Ренова 2-2 , Македонија ЃП – Пелистер 2-0, Шкендија – Борец 0-0, Академија Пандев – Скопје 1-2, Работнички – Струга ТЛ 1-2 а екипата на ГФК Тиквеш му гостуваше на лидерот Шкупи и повторно беше на мета на судиските задкулисни игри. Во 9 мин Фаустин неможејки да го чува Барга Нгоба му с е качува на грб и држејќи го со раце го соборува во својот петерец. Судијата покажува на белата точка но следуваат притисоци од страна на домашните фудбалери па главниот судија отиде да се консултира со помошникот и потоа ја поништи сопствената одлука.Но останува прашањето ако помошникот сугерирал дека нема пенал зошто стои на гол аут линијата каде треба да стои при изведување на најстрога казна и ако мислел дека не треба да има пенал зошто веднаш од аут линијата не сигнализирал нешто а не да го прави тоа по вербалното убедување на домашните. На почетокот на второто полувреме Шкупи постигна гол вреден три бода.Второлигашите го одиграа 21 коло во кое фаворитите беа сигурни. На истокот Беласица – Локомотива 6-0, Победа – Братство 6-0, Слога – Детонит 2-1, Саса – Осогово 2-0 и Пехчево – Кожув 1-0. На западот се постигнаа следниве резултати Силекс – Охрид 1-0, Вардар – Кадино 4-0, Воска – Велешта 4-0, Тетекс – Гостивар 2-0 и Беса – Кораби 2-0.Третолигашите од група југ го одиграа 9 коло а се постигнаа следниве резултати: Вардар Неготино – Питу Гули 6-0, Слога – Росоман 2-1, Динамо – Марена 2-1, Возарци – Обршани 2-3, Големо Коњари – Младост 1-0 и Бучин – Превалец 2-4Во втората футсал лига викендов се одиграа средбите од 18 коло. Црешово Топче – Овче Поле 1-4, Астибо – СЕЕ Универзити 8-3 и Кеги Моби – Мал Ајакс 6-0. Денеска во Кавадарци се игра дербито помеѓу Клими и Конзули.

М.В.