МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Најавите на раководството на Градскиот фудбалски клуб Тиквеш за создавање на конкурентен и респектабилен тим полека се остваруваат.

И покрај одложувањето на стартот на подготовките поради лошите временски услови и поларните температури, со два тренинга дневно се надополнува пропуштеното и се создава тимот кој треба да обезбеди опстанок во второлигашкото друштво. Големите промени пред се во играчкиот ростер, но и потврда за најавите за создавање на одличен тим е и ангажирањето на звучни имиња како искусниот Тони Мегленски, потоа Наумче Бакрачевски од Металург, Ќиро Атанасов од Академија Пандев, како и на Дунимагловски и Николиќ кои во својата кариера го носеа дресот на прилепска Победа.Свое враќање во дресот во кој што ја започна својата фудбалска кариера потврди и некогашниот македонски младински репрезентативец Васко Митрев кој треба да биде важна алка во срцето на теренот. Со тимот тренира и македонскиот репрезентативец Ванче Шиков кој по раскинот со Нефчи сеуште е во потрага по нов клуб.Спортскиот директор на клубот Диме Лазов вели дека пререгистрацијата е веке завршена,сега клубот носи име ГФК „Тиквеш 1930“, се тренира од 16 јануари на Градскиот стадион, а ке се продолжи во СС„Јасмин“.Клубот,вели Лaзов, им заблагодарува на Градоначалникот и Советот за “финансиската инекција„која Тиквеш ја доби од нив.Таа е многу важна за старт на натпреварите, како и на некои други спонзори кои му помагаат на клубот.Годинава императив е опстанокот во Втората лига, а има и други планови вели тој.Шеф на стручниот штаб е Ѕвонко Костов, негов прв помошник е Борче Митрев, а тренер на голманите е Митко Ѓорѓиев.