МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Викендов во Кавадарци ке се одржи турнирор „Вуко Каров“

Ekипите на Победа и Борец го потврдија своето учество на осумнаесетото издание на меморијалниот турнир „Вуко Каров“ кој ако дозволат временските услови ќе се одигра овој викенд на градскиот стадион во Кавадарци.

Организаторот на турнирот, градскиот „фудбалски клуб Тиквеш 1930“ е во исчекување на потврда на тим од соседството кој би му дал интернационален карактер на натпреварувањето, но размислува и на резервна варијанта за што веќе има заинтересирано неколку екипи од македонската втора лига.

12121324235343_2.jpg

За разлика од лани, годинава турнирот ќе трае два дена, така што сите екипи ќе одиграат по два комплетни натпревари, што ќе им даде можност на тренерите да ги воочат позитивните и негативните страни во своите тимови, но и да им дадат шанса на што е можно повеќе играчи.

Точните термини на свеченото отворање на меморијалот, но и одигрување на натпреварите сеуште се непознати.