МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На меморијалниот турнир „Ордан Тотов“ годинава учествуваа 4 екипи кошаркари-ветерани.

Во организација на семејството Тотови, негови соиграчи и пријатели, вчера во СС „Јасмин“, се одржа Меморијалниот кошаркарски турнир „Ордaн Тотов„ посветен на познатиот кошаркар на КК „Тиквеш„ – Данчо Тотов, кој прерано почина. Неговиот син Панчо Тотов кој се грижи споменот за Орданчо да остане, низ една спортска манифестација не потсети на него и неговите игри во кошарката.

Тоа и ова недела беше успешно организирано .На Меморијалниот турнир„Ордан Тотов„ годинава учествуваа екипите ветерани на : КК „Тиквеш„ , на „КК Борец„- Велес, КК „Пелистер„-Битола, и КК „СТрумица„-Струмица.

Првото место годинава го освои КК „Тиквеш„ а најдобар стрелец беше , до скоро активниот кошаркар на Фени-Индустри,Горан Самарџиев-од плејадата најдобри кошаркари од Кавадарци.МВП на турнитот беше прогласен познатиот Тодор Гечевски.

За Ордан Тотов говореше и спомени евоцираше неговиот соиграч Петре Камчевски, а турнурот за отворен од името на Локалната самоуправа и Советот на Општина Кавадрци, го прогласи претседателот на Советот Ристо Сакалиев.

46503194_362531237627756_4643669518894235648_n.jpg

464000098.jpg

4648003000.jpg

464000.jpg

46503890000009878.jpg

4600000000000000.jpg