Кошаркарите на M-18 убедливо го победија Пелистер и оставија одличен впечаток.Наредниот викенд младите кошаркари на М-18 играат со Феникс.
Кошаркарите на М-16 загубија од Гостивар на домашен терен
Кошарката е спорт на младите.Неколку школи со години егзистираат и постигнуваат завидни резултати.
Сепак за М-16 и М-18 можеме да кажеме нешто повеќе бидејќи и професионално ги следиме.
Посебно квалитетна е лигата на М-18 во која играат екипи, кошаркари до 18 години,подмладок на екипите од супер лигата во најелитното македонски кошаркарско првенство.
Последната средба со Пелистер кој беше возвратен натпревар , екипата на М-18-(екипа на Фени Индустри) остави добар впечаток .На неа победата не беше воопшто доведена во прашање.Освен првата четвртина, останатиот дел од натпреварот кавадарчани беа подобар противник и покажаа добра игра и беа одлични реализатори.Посебен впечаток на кошаркарската средба оставија :, Златев ( 28 поени 12 асистенции), Митрев(16 коша со 16 скока), Мирков ( 15 поени ), и Стојановски (15 поени од кои 4 тројки ).
Следен противник на М-18 Фени Индустри е екипата на Феникс од која в претходна средба кавадарчани беа поразени.