ВО ПРВИОТ ПРИЈАТЕЛСКИ ПОДГОТВИТЕЛЕН НАТПРЕВАР ЕУРО НИКЕЛ ГО СОВЛАДА ВТОРИОТ ТИМ НА МЗТ СО 97-62
Кошаркарите полека влегуваат во завршна фаза од подготовките за следната сезона која предвидува одигрување на контролни натпревари и воигрување на тимот. Новата сезона во кошаркарското првенство ке стартува на 3 октомври па ке има доволно време екипите да фатат ритам. Кошаркарите на „Еуро Никел“ би рекле и фуриозно ги започнаа контролните средби бидејки во кавадарци во салата „Јасмин го декласираа вториот тим на „МЗТ Скопје“ со резултат 97-62. Да споменеме дека во редовите на кавадаречкиот суперлигаш има уште едно ново име. Станува збор за Илија Колев кој дојде од екипата на „Кожув„ а настапува на позициите 3 и 4.
м.в.