ЕКИПАТА НА ЕУРОНИКЕЛ ВО НЕДЕЛА МУ ГОСТУВА НА ВТОРИОТ ТИМ НА МЗТ СКОПЈЕ
Новата сезона од кошаркарското првенство на Македонија дефинитивно ќе стартува овој викенд. На самиот старт во најава веднаш се појавија нелогичности и неправилности. Имено првото коло го носи големото дерби помеѓу „Работнички“ и „МЗТ Скопје“. Најавата вели дека „Работнички“ оваа средба ке ја одигра во салата во „Градски парк“. Станува збор за сала која со години наназад не ги исполнува ниту минималните услови и критериуми за врвен спорт. Најавено беше дека „Работнички“ ке игра во друга сала. Останува нејасно како оваа арена ја минала инспекцијата што е вообичаена пред стартот на секоја сезона. Одговор на ова прашање ќе треба да даде претседателот Антиќ и останатите челници на федерацијата кои дале „амин“ на ваквата одлука која никако не оди во прилог на кошарката. Прв дуел од новата сезона ќе биде саботната пресметка меѓу „Вардар“ и „Црн Дрим“ од 17 часот. Триесет минути подоцна „Кожув“ ќе го пречека „Пелистер“, а во 18 часот ќе стартуваат натпреварите „ТФТ“ – „Куманово“ и „Академија ФМП“ – „Гостивар“. За недела покрај дербито „Работнички“ – „МЗТ Скопје“ е закажан и мечот „МЗТ Скопје 2“ – „Еуро Никел“, што ќе почне во 16 часот. Кавадаречките кошаркари со нетрпение го очекуваат овој натпревар и се желни да се надигруваат и покажат колку се „моќни“ односно квалитетни сезонава.
„АКАДЕМИЈА ФМП“ - „ГОСТИВАР“
„ТФТ“- „КУМАНОВО“-
„КОЖУВ“ - „ПЕЛИСТЕР“
-„МЗТ СКОПЈЕ 2“- „ЕУРО НИКЕЛ“
-„РАБОТНИЧКИ“ „МЗТ СКОПЈЕ“
-„ВАРДАР“ - „ЦРН ДРИМ“
м.в.