МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

СЛЕДНИОТ НАТПРЕВАР КОЈ НАШИТЕ КОШАРКАРИ КЕ ГО ОДИГРААТ КЕ БИДЕ ВО ПРВИОТ ВИКЕНД ОД МЕСЕЦ ДЕКЕМВРИ

Протоколите за играње на натпревари за време на пандемија прават вистински хаос кај термините за одигрување на натпревари одредени од поедини федерации. Кошаркарите почнаа но од самиот старт екипите на „Вардар“ и „Пелистер“ не играа заради тоа што во своите редови имаа заболени од КОВИД-19. Сега дојде времето кога наши екипи играат на меѓународна сцена што повторно придонесе до одлагање. Да спомнеме дека „Работнички“ и „МЗТ“ играат во АБА лигата а екипите на „ТФТ“ и „Куманово“ во БИБЛ. Но токму кумановчани сега пријавија заболени од КОВИД. Ова дополнително ке ги замрси конците во првичниот распоред. Редовното 4 коло требаше да се игра вчера на 11 ноември но токму заради меѓународните настапи беше пролонгирано за овој викенд.Тоа пак ке значи дека средбите „Работнички“ - „ЕуроНикел“ и „Куманово“-„Гостивар“ сигурно нема да се играат ако не и уште некоја плус. Тоа е за 4 коло а 5-тото коло требаше да се игра на 18 ноември во среда. „ЕуроНикел“ и тогаш сигурно нема да игра бидејки во Кавадарци ке треба да гостува токму „Куманово“. Потоа ке следи пауза за репрезентативните настапи а според тренерот на „ЕуроНикел“ Самарџиев нашиот тим наредниот натпревар ке го одигра најверојатно на 5 или 6 декември. Само прашање е со кого. Дали првенството ке продолжи со одигрување на заостанатите средби или со следното редовно коло. На овие прашања одговор ке чекаме од надлежните структури при МКФ.

м.в.